Утрински Весник
Македонија

На денот на Свети Кирил и Методиј ќе се отвора бугарски клуб во Пустец, градоначалникот вели немаат добиено дозвола

На денот на Свети Кирил и Методиј ќе се отвора бугарски клуб во Пустец, градоначалникот вели немаат добиено дозвола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На утрешниот празник на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, во селото Пустец во Албанија каде што живеат  Македонци се најавува отворање на бугарски клуб.

dobivaj vesti na viber

Ваквата информација преку социјалните мрежи ја објави претседателот на „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов.

„Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир“, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук.

Градоначалникот на Пустец Пали Колефски вели дека општината не добила никакво барање за отворање на бугарскиот културен центар, а дозвола не дале ниту надлежните албански институции.

Според него, се работи за провокација.

Во изминатиот период, Maкедонци во Албанија реагираа дека Софија врши асимилација на Македонците во Пустец.

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски месецов во Корча пред претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР зборуваше за разни методи и притисоци што последните години Бугарија како членка на ЕУ ги користи за таа цел.

Можете да прочитате

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови