Утрински Весник
Свет

Српски јутјубер пронајден мртов, неколку часа пред смртта објавил вознемирувачка порака

Српски јутјубер пронајден мртов, неколку часа пред смртта објавил вознемирувачка порака

Јутјуберот Мирко Рашиќ (33) денеска е пронајден мртов, а неговото тело го пронашол неговиот колега.

dobivaj vesti na viber

Мирко Рашиќ бил еден од најпознатите и најпопуларните белградски автомеханичари, автор во Србија и регионот на популарниот канал на YouTube Unauthorized Servicer.

Рашиќ бил автомеханичар и инфлуенсер од Белград. Работел со својот татко од деветгодишна возраст. Бил инфлуенсер во областа на механиката и автомобилизмот. Мирко, според неговите зборови, го правел она што навистина го сакал и се трудел да биде најдобар во тоа.

Неговото несебично споделување на професионално знаење и начин на интерпретација на мрежите привлече голем број ентузијасти на механиката и автомобилите за многу краток временски период.

Неговата последна објава неколку часа пред да биде пронајден мртов особено ги загрижи неговите следбеници. Станува збор за извадок од рап песната „Сите кучиња одат во рајот“ која има морничав текст, а во стихот кој бил изваден на видеото се слуша: „Не ми се верува дека дојде крајот“.

 

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж