Утрински Весник
Свет

Орбан: Потребни се подобри односи со Шведска пред членството во НАТО

Орбан: Унгарија делува во интерес на својот народ, а не на Брисел

Односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред да биде одобрена кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на Економскиот форум во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО“, рече Орбан.

Датумот кога унгарскиот парламент ќе гласа за шведската кандидатура за прием, која мора да ја ратификуваат сите 30 постоечки членки на алијансата, се уште не е познат, а самитот на НАТО се одржува во јули.

Шведска и нејзиниот сосед Финска аплицираа за приклучување кон воената алијанса на НАТО минатата година, по рускиот напад врз Украина, а Анкара и Будимпешта го одложија барањето на Стокхолм.

Шведските власти ја критикуваа владата на Орбан во областите на демократијата и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН