Кармело Ентони реши да стави крај на својата 19-годишна кариера во НБА лигата, заминувајќи си како деветти најобар стрелец во историјата.
Ентони, кој полни 39 години следната недела, беше 10-кратен Ол-Стар и во својата кариера играше за шест клуба, постигнувајќи 28.289 поени. Тој оваа сезона не играше и последен пат беше дел од тимот на Лос Анџелес лејкерс во 2021/22. Ентони ја потврди пензијата преку видео на социјалните мрежи.
„Се сеќавам на деновите кога немав ништо. Само топка на теренот и сон за нешто повеќе. Кошарката беше мојата работа. Целта беше силна, сите градови ги претставував со гордост и секогаш бев сакан од фановите. Благодарен сум на тие луѓе и места кои го направија Кармело Ентони. Сега е време да кажам збогум. Возбуден сум што носи иднината“, вели Ентони.
Thank you #STAYME7O pic.twitter.com/4au8cOd13s
— Carmelo Anthony (@carmeloanthony) May 22, 2023