Утрински Весник
Свет

Украинци вклучени во саботажата на Северен тек, покажува ново медиумско истражување

Украинци вклучени во саботажата на Северен тек, покажува ново медиумско истражување

Најмалку двајца украински државјани се поврзани со јахтата што германските власти, наводно, ја истражуваат во врска со експлозиите од саботажата на гасоводот Северен ток минатиот септември, известуваат медиумите во Швајцарија и Германија.

dobivaj vesti na viber

Двата медиума – швајцарски „Тагес-Анцајгер” и германски „Зидојче цајтунг” – претходно објавија дека на бродот биле откриени траги од воен експлозив.

Во истражувањето кое, меѓу другите, заеднички го спровеле „Зидејче цајтунг“, германската медиумска групација НДР, шведскиот весник „Експресен“, полскиот онлајн магазин „Фронтстори.пл“ и данскиот дневен весник „Берлингске“, откриена е лажната туристичка агенција „Ферија Лвова“ со седиште во Варшава, која минатата есен го регистрирала бродот „Андромеда“.

Иако е регистрирана како туристичка агенција, компанијата нема телефонски број, веб-страница ниту вработени.

Според пишувањата на „Тагес-Анцајгер”, компанијата е регистрирана на име на двајца Украинци, од кои едниот живее на Крим и има руско државјанство. На прашање од новинарите, лицето негирало каква било вмешаност со лажната туристичка агенција.

Второто лице е жена опишана во полските записи како претседател на компанијата. Во изјава зашвајцарскиот весник таа потврдила дека ја има таа позиција, но одбила да одговори на дополнителни прашања.

Во статијата се тврди дека во Полска и Украина постојат уште неколку фирми регистрирани на нејзино име.

„Тагес-Анцајгер” објави дека „Андромеда“ веќе некое време е во центарот на истрагата на германските власти. Иако неговата точна рута останува непозната, се верува дека бродот поминал низ областа каде што експлозиите подоцна ги уништија двата гасовода Северен тек.

Според весникот, иследниците на бродот пронашле траги од воен експлозив што може да се користи под вода, потврдувајќи ги тврдењата изнесени во „Њујорк тајмс“ во април.

Покрај тоа, властите наводно идентификувале еден од шесте членови на екипажот, кој поседувал лажен романски и бугарски пасош, како 26-годишен Украинец по потекло од град југоисточно од Киев. Лицето наводно било припадник на украинските вооружени сили.

Неколку западни медиуми претходно објавија дека зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ навјверојатно стои приватна компанија или дури и поединец од Украина.

Швајцарскиот весник сугерира дека германските истражители се наклонети кон верзијата дека во нападот била вмешана украинското државно разузнавање и дека се скептични околу тврдењата дека Русија стои зад експлозијата.

Претходно месецоц, високиот руски дипломат Константин Гаврилов откри дека САД не одговориле на барањето на Москва за информации околу случајот.

На почетокот на февруари, ветеранскиот американски новинар и добитник на Пулицеровата награда, Симор Херш, објави бомбастичен извештај во кој ги обвини САД за уништување на клучниот гасовод.

Според Херш, експлозивните направи биле поставени под рускиот гасовод во јуни 2022 година од американски нуркачи, а биле активирани три месеци подоцна од норвешките специјални сили.

Додека Вашингтон ги отфрли обвинувањата како ноторна лага, рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на март рече дека целосно се согласува со наодите на Херш.

 

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина