Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган бараат снимка од бркотницата со автомобил

Хари и Меган бараат снимка од бркотницата со автомобил

Принцот Хари и Меган побарале копии од фотографиите, видеата и сите снимки што биле направени за време на автомобилската потера со папараците на 16 мај, објави „ТМЗ“.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, како една од причините, принцот и неговата сопруга навеле дека снимката им е потребна за да го подобрат своето обезбедување.

Писмото од правниот тим на војводата и војвотката од Сасекс било испратено до фотоагенцијата „Бекгрид“.

Во писмото стои: „Со ова бараме Backgrid веднаш да ни достави копии од сите фотографии, видеа и/или филмови направени минатата ноќ од хонорарните фотографи откако парот го напушти својот настан и во текот на следните неколку часа,“ пренесува „ТМЗ“.

Барањето е направено, но сè уште не се поднесени тужби во врска со случката. Се чини дека тужба ќе биде единствен начин за да се натера „Бекгрид“ да ги предаде фотографиите и видеата, бидејќи агенцијата го одбила барањето на војводата и војвотката во писмо упатено до нив.

Можете да прочитате

Фамилијата на Шумахер во финансиска криза

Возачите во В. Британија купуваат регистарски таблички кои не ги регистрираат камерите !

Оркестарот Џамбо Агушеви имаше настап за паметење и прераскажување во Тирана