Утрински Весник
Македонија

На жена – војник од Волково и’ се заканува притвор, барала 3.000 евра од колега за да помогне да го изберат за офицер

На жена – војник од Волково и’ се заканува притвор, барала 3.000 евра од колега за да помогне да го изберат за офицер
Ss2

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена – професионален војник од Волково, бидејќи постои основано сомнение дека сторила кривично дело – примање поткуп.

dobivaj vesti na viber

Осомничената, на 18 и 19 мај директно побарала и примила парични средства, за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Img 5587

Парите ги побарала од нејзин колега, исто така професионален војник во Армијата за да му „помогне“ при изборот на јавно објавениот конкурс за прием на офицери.

По објавување на првичната и во очекување на конечната листа на кандидати, осомничената го контактирала колегата и му кажала дека може да му помогне за тој да ги исполни условите за да биде избран за офицер.

Но, за тоа побарала тој да плати 3.000 евра, кои наводно таа ќе ги проследи до лице кое има влијание при изборот. На 19 мај тие се сретнале во кафе бар, при што осомничената уште еднаш потврдила дека ќе ги прими парите. Заедно се упатиле кон нејзиниот автомобил каде војникот и предал 2.400 евра претходно криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа осомничената била лишена од слобода.

Бидејќи особени околности укажуваат на тоа дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, а постојат и особени околности кои што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби со цел да се испита инволвираност и на други лица во настанот.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ