Утрински Весник
Свет

Пожарите во Шпанија вон контрола, се евакуира население

Шумски пожари беснеат во Канада, се евакуира население во Алберта

Шумски пожари беснеат во регионот Екстремадура во западна Шпанија. Досега пожарите се проширија на 1.500 хектари, а евакуирани се 550 лица, соопштија локалните служби за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

– Пожарот е надвор од контрола, а времето особено им ја отежнува работата на пожарникарите – изјави командантот Давид Барона од воената единица за вонредни ситуации за шпанскиот информативен канал 24H.

Околу 493 пожари уништија 307.000 хектари земјиште во Европа минатата година, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Околу 250 пожарникари работат заедно со шпанската армија за гаснење на шумските пожари во областа Пинофранкеандо, во близина на границата со Португалија.

Можете да прочитате

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

И шпанските студенти подготвуваат протести против Израел