Утрински Весник
Македонија

(Видео) Инспекција на повеќе локации во Скопје: запленети над 200 килограми тутун, за кој не била платена акциза

(Видео) Инспекција на повеќе локации во Скопје: запленети над 200 килограми тутун, за кој не била платена акциза

Денеска (19.05.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во заедничка координирана акција со царински службеници од Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата е констатирано дека во продажен објект, сопственост на Џ.А., пронајдени се и одземени 90 килограми режан тутун, избегнувајќи плаќање на акциза во износ од 193.500 денари. Покрај ова констатирано е дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следи глоба од Државен пазарен инспекторат.

На тезга на влез на пазар, сопственост на У.Х. пронајдени се и одземени 105 кг. тутун, при што е избегната акциза од 225.750 денари, целата стока е одземена од страна на Царинската управа, а против лицето ќе следува и глоба од пазарните инспектори, додека во возило сопственост на О.И. биле пронајдени и одземени 19 килограми режан тутун, со што избегнал плаќање акциза во вкупен износ од 40.850 денари.

Со денешната заедничка акција спречено е криумчарење на акцизна стока со вкупен износ на избегнати давачки кон државата над 460 илјади денари. Против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци од надлежните институции.

Можете да прочитате

Тотален колапс на македонските патишта по денешниот снег

(Фото) Поради снег блокиран патот Тетово – Шапка

Драма на Плетвар: Новинари во комбе за малку ќе настрадале од камион на „Македонија пат“