Утрински Весник
Магазин

Еди Марфи ќе го глуми инспекторот Клузо во филмот „Пинк Пантер“

Еди Марфи ќе го глуми инспекторот Клузо во филмот „Пинк Пантер“
Dik 300x250 mk

Еди Марфи е во финална фаза на преговори за да глуми во филмот „Пинк Пантер“.

dobivaj vesti na viber

62-годишната ѕвезда треба да го портретира инспекторот Клузо во претстојниот филм во режија на Соник Хеџхок по сценарио на Крис Бремнер.

Продуценти на филмот се Ден Лин, Џонатан Ерик, Лери Мириш и Џули Ендрјус.

Извори за „Холивуд репортер“ велат дека филмот треба да биде ‘лајф-екшн’ хибрид и дека проектот е во поодмината фаза на развој.

Во оригиналната комедија „Пинк Пантер“, објавена во САД во 1964 година, Питер Селерс го глумеше инспекторот Жак Клузо.

Селерс ја репризира улогата во „Истрел во темнина“ од 1964 година, „Враќањето на розовиот пантер“ од 1975 година, „Пинк пантер повторно напаѓа“ од 1976 година“ и „Одмазда на розовиот пантер“ (1978).

The Pink Panther раскажува приказна за француски полициски детектив кој брка крадец на скапоцени камења, познат како Фантом, а кој се обидува да го украде скапоцениот дијамант „Розовиот пантер“.

Во филмот се појавија и Дејвид Нивен, Роберт Вагнер, Клаудија Кардинале и Капучине.

Можете да прочитате

Фитнес рутина што ве води до потенок струк за само неколку недели

Најразгалените деца се раѓаат само во овие хороскопски знаци

Мармалад од тиква и јаболка