Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Шварценегер заврши со серијалот „Терминатор“

Шварценегер заврши со серијалот „Терминатор“
300x250 opst2

Арнолд Шварценегер откри дека повеќе нема да глуми во култниот акционен серијал „Терминатор“.

dobivaj vesti na viber

„Франшизата би можела да има успешна иднина, но јас нема да бидам дел од неа“, рече 75-годишниот актер во интервју за „Холивуд репортер“.

Шварци, кој глумеше и во последниот „Терминатор: Темна судбина“ од 2019 година, рече: „Франшизата не е готова. Јас сум готов“.

„Јасно и гласно ја добив пораката дека светот сака да продолжи понатаму со друга тема кога станува збор за ‘Терминаторот’. Некој треба да смисли одлична идеја“.

И покрај ова, Шварценегер секогаш ќе има убави спомени од „Терминатор“.

Актерот, кој глумеше во оригиналниот филм од 1984 година, објасни: „’Терминатор’ во голема мера беше заслужен за мојот успех, така што јас секогаш ќе го гледам со задоволство“.

„Првите три филма беа одлични. Не глумев во четвртиот (Salvation) затоа што бев гувернер. Потоа, петтиот (Genisys) и шестиот (Dark Fate) не беа како претходните, што се однесува до мене. Го знаевме тоа предвреме бидејќи тие едноставно не беа добро напишани“.

Во меѓувреме, Шварценегер откри дека останува отворен за продолжение на „Конан“, филм што му ја отвори вратата на Холивуд.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?