Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Францускиот суд ја потврди тригодишната казна на поранешниот претседател Саркози

Францускиот суд ја потврди тригодишната казна на поранешниот претседател Саркози
Img 7972

Апелациониот суд во Париз ја отфрли жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози, против пресудата за корупција и злоупотреба на влијание од 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Судот му ја потврди казната од три години затвор, од кои две се условни. Судот одлучи Саркози да може да носи електронска нараквица наместо да помине една година во затвор.

Мандатот на Саркози (68) траеше од 2007 до 2012 година. Тој беше вовлечен во правни проблеми откако ја напушти функцијата.

Судот утврди дека Саркози и неговиот поранешен адвокат Тиери Херцог склучиле „корупциски пакт“ со судијата Гилберт Азиберт за да добијат и споделат информации за правната истрага.

Инспекторите прислушувале две официјални телефонски линии на Саркози, а во 2014 година откриле трета, неофицијална под името „Пол Бизмут“ преку која тој комуницирал со Херцог.

Содржината на овие телефонски повици доведе до пресуда за корупција во 2021 година. Саркози ги отфрли обвинувањата и веднаш поднесе жалба на пресудата.

Неговите разговори со Херцог сега за првпат се слушаа пред судот и беа клучни за пресудата во средата.

Обвинителите побараа три години условна затворска казна за Саркози, Херцог и Азиберт.

Тие исто така побараа Саркози и 76-годишниот Азиберт да бидат суспендирани од јавните должности, а на 67-годишниот Херцог да му биде забрането да работи како адвокат во период од пет години.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот