Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд

Променливо облачно и врнежливо време за Велигден
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села