Утрински Весник
Македонија

Спасеновски: Власта не инвестира во спортот, недостигаат спортски сали, игралишта и стратегија за спорт

Спасеновски: Власта не инвестира во спортот, недостигаат спортски сали, игралишта и стратегија за спорт

Имаме проблем со спортската инфраструктура, односно изградба на сали и спортски игралишта за најмладите категории. Недостигаат и мулти функционални сали со кои би се добиле услови каде што спортистите ќе имаат можност да го подобруваат својот перформанс, вели Петар Спасеновски, член на  Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, неколкукратен добитник на медали во европските првенства во карате и долгогодишен македонски репрезентативец.

dobivaj vesti na viber

Тој на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово посветена на младинските политики истакна дека како што нема услови за да се развиваат идните генерации на спортисти, така нема услови и за професионалните спортисти кои што се соочуваат со елементарни проблеми, како што немањето здравствено и пензиско осигурување.

„Проблеми има и кај професионалните спортисти, меѓи кои и нерешениот статус како професионални спортисти, во кое спаѓаат здравственото, пензиското осигурување кои што ги немаме. Преку примери во повеќето европски, па и балкански земји кои решението го изнајдоа во вклучување на професионалните спортисти во институциите како полиција, војска, пожарна и овозможување на примања на некои придонеси и на тој начин, обезбедување на пензиско и здравствено осигурување“, рече Спасеновски.

Освен спортска инфраструктура за развој на спортистите и услови за професионалните спортисти, Спасеноски посочи дека на Македонија и недостига и стратегија за спорт.

„Ние како држава немаме стратегија за спорт која што е многу битна, бидејќи децата од мали нозе треба да се насочуваат кон спотрови кои што треба да ги користат. Тоа значи дека би требало ние да имаме свест за талентираноста и физичките предиспозиции кој што секое дете или човек ги има за занимавање со одреден спорт“, посочи Спасеновски.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје