Утрински Весник
Свет

Твитер ги објави предизборните наредби наредбите од турскиот суд

Твитер ги објави предизборните наредби наредбите од турскиот суд

„Твитер“ ги обелодени писмените наредби што ги добил од турската влада да им го забрани пристапот до платформата на одредени корисници пред изборите во земјата што се одржаа минатиот викенд.

dobivaj vesti na viber

Компанијата тврди дека иако поттикнале загриженост за слободата на изразување, таа ги испочитувала наредбите за да го избегне ризикот платформата да биде изгасена на национално ниво во Турција.

Акаунтот „Глобал говернмент акаунт“ на „Твитер“ во понеделникот објави соопштение во кое ги наведува неодамнешните одлуки на платформата во однос на наредбите на турскиот суд, велејќи дека биле принудени да преземат акција против четири профили и 409 индивидуални твита.

„По неколку такви предупредувања, добивме, како што верувавме, конечна закана за гаснење на платформата“, се вели во соопштението во кое „Твитер“ додава дека ги избришал профилите и објавите „за да го одржи Твитер достапен за време на изборниот викенд“.

Иако „Твитер“ посочи дека ќе продолжи да се бори против наредбите на судот и дека директно им ја соопштил загриженоста за слободата на изразување на официјалните лица, од платформата велат дека не можеле да преземат дополнителни правни мерки пред гласањето во неделата.

Компанијата ги објави судските наредби и кореспонденцијата од турските регулатори, споделувајќи 15 документи кои содржат списоци на одредени корисници и твитови што владата побарала да се избришат или блокираат.

 

Во датотеките се наведени голем број профили како и линкови до голем број профили на „Фејсбук“ и канали на „Јутјуб“. „Твитер“ не прецизираше против кои профили или објави презел мерки.

На владиниот список се вклучени новинарката и јутјуберка Џевхери Ѓувен, која може да се пофали со повеќе од 583.000 следбеници, како и курдскиот бизнисмен Мухамед Јакут, чест критичар на владејачката партија АКП. И двата профила остануваат достапни на Твитер.

Како одговор на неодамнешните критики во врска со усогласеноста на „Твитер“ со барањата на турската влада, сопственикот на платформата, Илон Маск, објасни дека неговата компанија се соочила со избор или Твитер да биде целосно блокиран во Турција или платформата сама да го ограничи пристапот до некои твитови“.

„Ова важи за сите интернет компании, само што ние јавно кажуваме што се случува, за разлика од другите“, рече Маск подоцна, ветувајќи и дека ќе го објави она што им го испратила турската влада.

Во најновото соопштение, „Твитер“ посочи дека до денес биле издадени пет судски налози против платформата, додавајќи дека веќе оспорил четири од нив пред турските судови.

Иако една од тие жалби им била одбиена, од „Твитер“ велат дека планираат да ја обжалат петтата наредба денеска.

 

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно