Утрински Весник
Свет

Претседателот на украинскиот Врховен суд уапсен за поткуп од 3 милиони долари

Претседателот на украинскиот Врховен суд уапсен за поткуп од 3 милиони долари

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) го приведе претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев, пренесуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Књазев, наводно, е осомничен за примање поткуп од 2,7 милиони долари како дел од шема која најверојатно вклучува и други функционери.

Во објава на „Фејсбук“ доцна во понеделникот, НАБУ соопшти дека во Врховниот суд открила корупција од големи размери – шема која им овозможувала на раководството и на судиите да дојдат до незаконски профит.

Бирото додаде дека е во тек итна истрага и дека наскоро ќе излезат со детали. Во одделна порака во вторникот, НАБУ најави прес-конференција за случајот напладне по локално време во Киев.

Иако официјалните лица не откриваат имиња, неколку украински медиуми излегоа со тврдење дека бил приведен Књазев повикувајќи се на анонимни извори.

Највисокото правосудно тело на Украина индиректно ја потврди веста во објава на „Фејсбук“ во која се наведува дека „во светло на она што се случува околу претседателот на Врховниот суд Књазев, на 16 мај 2023 година ќе се одржи вонреден состанок на пленумот на Врховниот суд“.

Според ZN.UA, од каде што цитираат неименувани извори во НАБУ, властите извршиле претреси на имоти што им припаѓаат на 18 други судии од Врховниот суд.

Сергеј Лешенко, советник на шефот на кабинет на украинскиот претседател, наведе поткуп од вкупно 3 милиони долари кога го коментирал апсењето на Књазев за медиумите додека според Виталиј Ким, гувернер на Николаевската област, таа сума изнесува 2,7 милиони долари.

Според „Страна“, Књазев ги добил парите од украинскиот олигарх Константин Жеваго, кој моментално се наоѓа во Франција, но се бара во Украина поради неговата улога во колапсот на една банка.

Претходно месецов, Високиот антикорупциски суд на Украина нареди апсење на градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, поради наводи за злоупотреба на градските средства кои датираат од 2017 година. НАБУ во април спроведе рации во регионалните воени администрации во Житомирски и Харков.

 

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан