Утрински Весник
Македонија

Провалил во објект на Армијата во кој се чувало оружје, истрага против скопјанец

Провалил во објект на Армијата во кој се чувало оружје, истрага против скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец осомничен за обид за тешка кражба во согласност со член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, Скопско, провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде што се обидел да одземе туѓи предмети од особено значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.

Со клешта за арматура ја исекол жичената ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот „Дренов Дол“, во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник, кој го затекнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег