Утрински Весник
Свет

Кадиров: „Ќе влеземе, ќе ги кршиме како ореви, чекајте нè!“

Кадиров: „Ќе влеземе, ќе ги кршиме како ореви, чекајте нè!“

Американските тенкови Абрамс се детски автомобили со педали во споредба со модернизираниот советски борбен тенк Т-72, ​​рече чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

dobivaj vesti na viber

„Ова е вистинска моќ! Надграден советски тенк „Т-72“! Рафиниран и подобрен. Со удобноста и практичноста на „Мајбах“. Има дури и камера за рикверц, за случајно да не згмечите некого. Ја надминува странската опрема по борбена моќ, контрола, заштита и лесно користење. Кај него секој напад е како риболов на јахта – задоволство“, напиша Кадиров на Телеграм.

Тој додаде дека тенкот „Т-72“ е спектакуларен, препознатлив и има застрашувачки изглед.

„На таков тенк ќе влеземе во Киев и ќе извршиме денацификација, кршејќи ги „Абрамс“ како ореви! Чекајте нè!“, порача лидерот на Чеченија.

Западните политичари постојано зборуваат за тоа како Украина мора да ја победи Русија на бојното поле и се повеќе му доставуваат оружје на режимот во Киев.

За возврат, Кремљ одговори дека „воената помош нема суштински да реши ништо, туку само ќе ги продолжи конфликтите и страдањата на украинскиот народ“.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи