Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Чешка бесна откога Орбан ја спореди евроинтеграцијата со плановите на Хитлер

Чешка бесна откога Орбан ја спореди евроинтеграцијата со плановите на Хитлер
Img 7972

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски жестоко ја критикува споредбата на европската интеграција со плановите на Адолф Хитлер што неодамна ја направи унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува „Еурактив“.

dobivaj vesti na viber

„Византијците, Карло Велики, Бизмарк, Наполеон и Хитлер: сите тие, иако под превезот на разни принципи, сонуваа за европско единство“, истакна унгарскиот премиер минатата недела.

Липавски нагласи дека „никој не ја тера“ Унгарија да биде дел од европската заедница ако во неа се чувствува непријатно, а на критиките кон Орбан се приклучи и еврокомесарката од Чешка, Вера Јоурова, која тврди дека „Унгарците избегнуваат да се фотографираат со неа во Брисел за да не се соочат со прогон дома“.

Јоурова оцени дека со секоја таква изјава се урнисува репутацијата на Унгарија, а на прашањето дали сè уште смета дека Унгарија е демократска земја, таа одговори дека одамна се сомнева во тоа.

Чешката еврокомесарка нагласи дека и покрај реториката на Орбан, некои унгарски дипломати и понатаму се отворени за евентуален компромис за прашањата за кои е потребна едногласност на ниво на ЕУ, како што е, на пример, прашањето за санкциите.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk