Утрински Весник
Магазин

Нема директен доказ за хакирање телефони, тврди МГН

Нема директен доказ за хакирање телефони, тврди МГН

Војводата од Сасекс и другите тужители се далеку од докажување дека „Мирор груп њузпејперс“ (МГН) незаконски собирал информации за нив, рече претставник на издавачот во текот на рочиштето во лондонскиот Висок суд во петокот.

dobivaj vesti na viber

Принцот Хари е меѓу неколкуте личности од висок профил што го обвинуваат МГН за разни незаконски практики, вклучително и хакирање телефони.

Ендрју Грин, претставник на МГН, говореше на третиот ден од рочиштето, каде што истакна дека доказите се слаби во некои од наводите или целосно непостојни во преостанатите тврдења.

Обраќајќи му се на судот како претставник на издавачот, Грин го спореди овој случај со тој од 2015 година кога МГН призна дека негови новинари редовно користеле незаконски техники за да добијат приватни информации – и му беше наложено да плати отштета во вкупен износ од 1,25 милион фунти.

„Тогаш признавме незаконско собирање информации бидејќи имаше директни докази од Ден Еванс (поранешен новинар на ‘Сандеј мирор’) дека тоа се случувало“.

„Апсолутно, нема сомнеж дека имало активности за осуда, но сегашните тврдења многу се разликуваат од тогашните во однос на доказите. Доказите во овој случај се тенки за еден од тужителите, а целосно непостојни за другите тројца тужители“, рече Грин во судницата.

Тој исто така се осврна на написите во весниците поднесени како доказ за недозволено собирање вести и нагласи дека тие нудат неверојатно ниво на тривијалност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста