Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

640 санкции за брзо возење

237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење
300x250 opst2

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 640 возачи. Од нив 51 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 320 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање