Утрински Весник
Спорт

Струга ја заврши сезоната со камбек-победа над Шкупи

Струга ја заврши сезоната со камбек-победа над Шкупи

Струга ја доби својата прва шампионска титула пред последното 33. коло во македонската Прва лига, за потоа во дербито да се врати за 2:1 победа на Шкупи, кои сезоната ја завршуваат на второто место.

dobivaj vesti na viber

Шкендија стигна до интересна 2:1 победа на гости кај Работнички, Академија Пандв и Силекс одиграа 2:2, додека Победа во својот последен меч во Првата лига засега, загуби дома со 1:4 од Тиквеш.

Шкупи дојде во предност во 28. минута со голот на Сандеј Адетунџи, но Струга успеа да израмни преку Марјан Радески во 50. минута, пред Бесарт Ибраими во 85. минута да запечати уште една победа, 20-та оваа сезона.

ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО
Академија Пандев – Силекс 2:2
Скопје – Брегалница 1:2
Победа – Тиквеш 1:4
Работнички – Шкендија 1:2
Струга – Шкупи 2:1

Фото: ФК Струга

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД