Утрински Весник
Свет

ВИДЕО: Се појави снимка од тешката сообраќајка во која повредени се 30 лица

ВИДЕО: Се појави снимка од тешката сообраќајка во која повредени се 30 лица

30 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус, автомобил и камион, на патот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија. Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија, пренесува Телеграф.

dobivaj vesti na viber

Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајна незгода што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Известени се и медицинските екипи.

Автобусот кој учествуваше во сообраќајната несреќа кај Враголи превезуваше ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, објави градоначалникот на Прешево Шчиприм Арифи, кој рече дека матурантите и сите останати се добро и дека е предизвикана само материјална штета. предизвикана, јавува Кљан Косова.

-Почитувани родители, почитувани граѓани, штотуку сме информирани дека на враќање од апсолвентска екскурзија се случила сообраќајна незгода, при што штетата била само материјална. Матурантите и сите други се добро. Заедно со агенцијата, општината презеде итни мерки за обезбедување транспорт. Ќе бидеме тука за нив за се што ќе им треба – порача Арифи во порака на Фејсбук.

Можете да прочитате

Разбиена банда што шверцувала кокаин во торти од Берлин до Прага

На 48 години почина актерот Џејмс ван дер Бик

Европол заплени фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра