Утрински Весник
Магазин

Вечерва финале на Евровизија, еден билет чини колку 8 македонски просечни плати

Вечерва финале на Евровизија, еден билет чини колку 8 македонски просечни плати

Изгор влезници за финалето на Евровизија. Еден билет чини околу 427 евра, а салата е целосно распродадена. Оние пак, кои сакаат посебно искуство во ВИП-класата, ќе треба да издвојат 4.260 евра по лице, но со одличен поглед на бината, шампањ и „шведска маса“.
Годинава учествуваат 37 земји, три помалку од лани.

dobivaj vesti na viber

Во финалето влегоа 26 натпреварувачи. Покрај избраните натпреварувачи во полуфиналните вечери на 9 и 11 мај, тука е и „големата петорка“ составена од Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, кои придонесуваат најмногу финансиски на натпреварот, како и минатогодишниот победник – Украина.

Главен фаворит годинава е Шведска, која по вторпат ја претставува Лорин. Таа веќе победи на „Евровизија“ 2012 година.

На овогодишниот Евросонг, Македонија нема свој претставник поради економската криза.

Можете да прочитате

Зошто не треба да пиете ладна вода кога е топло?

Ацо Пејовиќ на 11 јули со голем концерт во Аква Парк Пробиштип

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година