Утрински Весник
Македонија

Обвинителот ќе и ја оспори слободата на Канческа-Милевска: Се надевам Апелација ќе донесе законита одлука

Обвинителот ќе и ја оспори слободата на Канческа-Милевска: Се надевам Апелација ќе донесе законита одлука

Обвинителот Стевчо Донев кој ја гонеше ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска е незадоволен од пресудата. Тој најави жалба. Посочи дека се надева на правилна и законита одлука од второстепениот суд.

dobivaj vesti na viber

„Откако ќе ја добиеме пресудата во законскиот рок ќе вложиме жалба. Се надевам дека Апелација-Скопје кој одлучува по жалбата ќе донесе правилна и законита одлука. Бидејќи постапката не е правосилно завршена, во овој момент не би коментирал детали од предметот. Сите забелешки на пресудата ќе ги дадеме во жалбата“, кажа Донев.

Тој додаде: „Ако ги следевте внимателно судењата, имаше презентација на доказите, снимките посебно кажуваат што се случувало во детали. Судот даде таква анализа, но јас нема да коментирам се што имаме ќе кажеме во жалбата“.

Судијата Осман Шабани ѝ даде ослободителна пресуда на ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Тој и судиите поротници ги анализирале сите докази по што утврдиле дека јавниот обвинител не докажал оти таа ја фаворизирала фирмата „Бетон“ од Штип да го гради Музејот на ВМРО. Додаде дека не е докажано ниту дека имало градежни работи уште пред тендерот да биде распишан. Ослободени се и другите тројца обвинети.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе има 17 килограми месо

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови