Адвокатскиот тим на Жан Митрев одново го одложи рочиштето за сопственикот на приватната клиника кој се гони за „измама“. Со аплауз беше дочекан кога влезе, со аплауз беше испратен од судот.
„Прво да заврши аплаузот, ова е вистинската слика за д-р Жан Митрев и не можеме да ја прекинеме, тоа е Жан Митрев“, кажа адвокатот Никола Додевски, кој не им даде на новинарите да прашуваат, па им рече: „Треба изјава после ова или доволно е?“.
Потоа, адвокатот сам се реши да даде изјава оти новинарите веќе биде дојдени.
„Понекогаш и покрај тешка битка, одбраната во Македонија успева да ги извојува своите права. За жал тоа е трошење енергија за нешто што законот го гарантира со конвенцијата за човекови права. Неколку часа ни требаше да го убедиме судот, еве конечно и јавнот обвинител не се спротивстависе одобри да го проучиме предметот доволно време за да подготвиме одбрана. На друго место тоа се добива со обичен поднесок. За жал ние се бориме и биеме битка да ги добиеме тие права. Одбраната за ваков предмет бара 30 работни дена, а добива 15 дена. Но и за 15 дена ќе се обидеме да завршиме, да го подготвиме Жан. Ја подготвуваме вистината“, рече адвокатот Додевски, дел од адвокатскиот тим.
По ова, адвокатите и Митрев беа испратени одново со аплауз.