Утрински Весник
Свет

Мексико трага по повеќе од 112.000 исчезнати лица

Мексико трага по повеќе од 112.000 исчезнати лица

Мексико ќе лансира база на податоци на крајот на месецот што треба да помогне во собирањето информации за десетици илјади исчезнати лица, објави во четвртокот Федералното обвинителство (ФГР).

dobivaj vesti na viber

Регистарот треба да собира информации од неколку досиеја за масовни и тајни гробници, апсења, злосторства од мачење, криминални досиеја, отпечатоци од прсти и генетски материјал, објави ФГР во службениот весник.

Минатата година бројот на официјално исчезнати надмина 100.000, а сега тој број се проценува на повеќе од 112.000. Бројот на исчезнати се зголеми откако претседателот Фелипе Калдерон им објави војна на моќните наркокартели.

„Треба многу да се направи, а оваа објава е првиот чекор“, објави здружението за човекови права „Центро прод“ на „Твитер“.

Невладините ги обвинуваат јавните институции задолжени да истражуваат вакви случаи дека се неефикасни, бавни во реагирањето и недоволно финансирани.

Соопштението на ФГР доаѓа еден ден по Денот на мајката кога секоја година илјадници мајки излегуваат на улица и бараат вистина и правда за своите исчезнати деца.

 

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури