Утрински Весник
Култура

„Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола

„Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.

dobivaj vesti na viber

На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и РС Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од РС Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик.

Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“