Утрински Весник
Македонија

Трамп поднесе жалба против пресудата за сексуално злоставување

Трамп најави можна кандидатура на претседателските избори во 2024 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека поднел жалба против одлуката на поротата на федералниот суд на Менхетен, која во вторникот го прогласи за одговорен за сексуално злоставување и клеветење на новинарката и колумнистка на списанието ЕЛ, И. Џин Керол и ѝ досуди пет милиони долари отштета.

dobivaj vesti na viber

Во 1990-тите, Доналд Трамп сексуално ја злоставувал новинарката И. Џин Керол, а потоа ја клеветел нарекувајќи ја лажга, одлучи поротата со што и се нанесе удар на кампањата на Трамп за претседателска номинација на Демократската партија.

За време на граѓанскиот судски процес, Керол (79) сведочеше дека Трамп (76) ја силувал во стоковната куќа Бергдорф Гудман на Менхетен во 1995 или 1996 година, а потоа и нанел штета на нејзината репутација објавувајќи ја неговата верзија за тие сексуални престапи која, според неа, е „целосна измама и лага“.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ