Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно, каде се забележани градежни дејствија. Станува збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

dobivaj vesti na viber

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во општината каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, рече Герасимовски.

Тој повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните, порача Герасимовски.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски