Утрински Весник
Македонија

Затајувале данок и ја оштетиле државата – кривична против едно физичко и едно правно лице од Гостивар

Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот Законик.

dobivaj vesti na viber

Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект Расим Транс ДООЕЛ Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во периодот од 2020-2022 година, во име на пријавениот правен субјект издал фактури по основ на кои остварил приходи во вкупен износ од 40.195.194 денари, кои приходи не ги пријавил и не ги прикажал во задолжителени даночени биланси и ДДВ пријави.

Дополнително првопријавеното физичко лице во периодот од 2017-2019 година присвоил парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект на име материјални трошоци во вкупен износ од 30.199.795 денари, за кои во сметководствената евиденција на пријавениот правен субјект како доказ за нивната економска оправданост доставил фискални сметки за набавка на гориво издадени од страна на бензиски пумпи, кое гориво не е употребено за стопанските цели на пријавениот правен субјект, и истите како даночно непризнати расходи не ги внел во задолжителните даночни биланси.

Врз основа на дел од нив ја намалил обврската за ДДВ на пријавениот правен субјкет, и на тој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 16.754.054 денари по основ на ДДВ, Данок на добивка и Данок на личен доход.

Можете да прочитате

„Срамно, Јаневска направи хаос со образовните асистенти на сметка на најранливите ученици“, велат од СДСМ

ДУИ: Невработувањето на 155 медицински сестри во тетовската клиничка болница е срамен

ВМРО-ДПМНЕ: „Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз“