Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез и Бен Афлек споделија страстен бакнеж на премиерата на „Мајка“

Џенифер Лопез и Бен Афлек споделија страстен бакнеж на премиерата на „Мајка“

Повторно се заедно повеќе од две години.

dobivaj vesti na viber

Џенифер Лопез и Бен Афлек очигледно сè уште се во фазата на голема љубов, која ја покажаа на црвениот тепих на премиерата на новиот акционен трилер „Мајка“.

На синоќешната премиера во Лос Анџелес, 53-годишната пејачка и актерка ги спои усните со својот сопруг актер–режисер (50) додека се прегрнуваа.

Холивудската дива изгледа беспрекорно како и секогаш на црвениот тепих во дводелен костим составен од макси здолниште со висок струк и ултрадолго палто над кроп-топ.

Креацијата – која обединува суптилен гламур, одмерен сексапил и елеганција – мамеше воздишки кај присутните.

И здолништето и палтото во беж боја, украсени со светки, допираат до земја.

Во новиот филм, Џенифер го глуми насловниот лик – поранешна жена убиец која е присилена да го напушти животот што го создала за себе откако прекинала со опасната професија за да ја заштити својата отуѓена ќерка.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста