Утрински Весник
Македонија

128 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

128 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ над 20 години раководи со Град Скопје и општина Гази Баба, а денес вината за „Дрисла“ и „Вардариште“ ја бара во опозицијата

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони

Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ