Утрински Весник
Свет

Тешка несреќа во Германија: во судир на автобус и камион повредени над 35 луѓе

Тешка несреќа во Германија: во судир на автобус и камион повредени над 35 луѓе

Најмалку 35 луѓе се повредени во судир на полски автобус и камион на автопат во источна Германија, јавија германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на автопатот А 12 во провинцијата Бранденбург, меѓу градовите Сторков и Фреддердорф, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека се повредени 35 лица, од кои шест се здобиле со тешки телесни повреди.

На терен се три хеликоптери, брза помош и полициски службеници, а затворен е и дел од автопатот. Полицијата соопшти дека камионот, кој се движел во правец на Берлин, удрил во страната на автобусот кога се обидел да ја смени лентата.

Можете да прочитате

Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби

Нетанјаху: Со една рака нудиме мир, со другата држиме оружје

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА РЕЗЕРВЕН ПЛАН: ЕУ ги ослободува залихите на гориво за авиони поради хаосот во Ормускиот Теснец