Утрински Весник
Спорт

Херта има проблем со лиценцата, ќе биде префрлена во четвртиот ранг

Херта има проблем со лиценцата, ќе биде префрлена во четвртиот ранг

Позицијата на Херта на табелата во Бундеслигата не е најголемиот проблем за челниците на клубот. Клубот од Берлин се бори за опстанок, но и доколку го изборат што изгледа малку веројатно, се соочуваат со уште поголем проблем од финансиска природа.

dobivaj vesti na viber

Според германските медиуми, проблем е лиценцата за следната сезона, па лесно може да се случи да бидат префрлени во четвртиот ранг на натпреварувањето.

Од клубот уверуваат дека нивниот нов спонзор „777 Партнерс“, треба да ги реши сите финансиски проблеми.

„Ние сме во постојан контакт со германската фудбалска лига во врска со процесот на лиценца и партнерството со нашиот инвеститор „777 Партнерс“. Мора да се разговара и да се разјаснат двете теми и да се исполнат сите законски барања, особено правилото 50+1. Нема да коментираме повеќе за ситуацијата околу процесот и шпекулациите кои се појавија во медиумите“, соопштија од берлинскиот клуб.

Извори блиски до Лигата, за германските медиуми изјавиле дека „процесот е многу критичен“ и дека тоа е „најлошиот случај што некогаш го имале“ кога станува збор за лиценцирањето.

Главното прашање е дали партнерството на Херта со американска компанија го прекршува правилото 50+1 кое го регулира влијанието на финансиерите во германскиот професионален фудбал.

Клубот е во голем проблем бидејќи без 100 милиони евра, колку што е финансиската инјекција на „777 Партнерс“, нема да може да обезбеди лиценца за следната сезона.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ