Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Халанд е многу опасен играч, но не е фер да зборуваме само за него

Анчелоти: Халанд е многу опасен играч, но не е фер да зборуваме само за него

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека неговиот клуб ќе мора да се справи со „многу опасниот“ Ерлинг Халанд, но дека не треба да се зборува само за норвешкиот напаѓач пред утрешната пресметка со Манчестер сити во Лигата на шампионите. Утре, Реал го пречекува Сити на „Сантијаго Бернабеу“ пред реваншот во Манчестер на 17 мај.

dobivaj vesti na viber

Халанд има неверојатна сезона со Сити со 51 гол и 8 асистенции во 46 настапи за тимот на Пеп Гвардиола, а има и 12 гола во Лигата на шампиони.

„Халанд е многу опасен играч. Тој покажува импесивене квалитет и е опасност за голот, но ако зборуваме само за за него, покажуваме малку респект за другите негови соиграчи. Имаме план да го сопреме целиот тим, не само Халанд. Изгледаат незапирливи, но мислам дека можеме да победиме. Се наоѓаме на исто ниво како лани, а тоа што го освоивме трофејот од Копа дел реј ќе ни даде дополнителна мотивација. Ќе кажам дека Сити е покомплетен тим со пристигнувањето на Халанд. Габриел Жесус беше опасен, но поинаков играч, но тие го немаат сменето стилот. Утре сакаме комплетен меч, знаејќи дека одлучувачки ќе биде вториот меч. Сакаме мала предност утре, да видиме дали ќе успееме“, вели Анчелоти.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026