Утрински Весник
Спорт

Ериксен ненадејно од кладилница доби 1,5 милиони дански круни

Ериксен ненадејно од кладилница доби 1,5 милиони дански круни

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е еден од 23. спортисти од оваа земја чие име без дозвола го користела една обложувалница за рекламни цели.

dobivaj vesti na viber

Познатите дански спортисти, меѓу кои се и играчот на Манчестер јунајтед Ериксен и голманот на Ница, Каспер Шмајхел, ќе инкасираат солидни пари врз основа на пресудата во нивна корист во спорот со компанијата „Бет 365“.

Овој сервис за обложување ги рекламирала своите услуги без дозвола и за таа цел ги користела ликовите и имињата на 23 дански спортисти, меѓу кои се фудбалските репрезентативци на Данска, Ериксен, Шмајхел и Симон Кјер.

Вкупно оваа компанија ќе треба да плати 4.700.000 дански круни или 697.000 долари како обештетување на спортистите.

Вистинскиот сопственик на обложувалницата „Бет365“ е регистриран на Малта, тоа е фирмата „Хилсајд Плц“, од која оштетениот ќе наплатува побарувања по судската пресуда.

Ериксен, чие име и лик беа најчесто користени во промоцијата на обложувалницата, ќе добие најголема сума од сите останати, 1.450.000 милиони дански круни.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига