Утрински Весник
Македонија

(Видео) Глутница кучиња нападнаа жена во Тетово

(Видео) Глутница кучиња нападнаа жена во Тетово

Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи, на кое може да се види како глутница кучиња скитници напаѓаат жена во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Според снимката, десетина кучиња во еден момент трчаат кон беспомошната жена, која исплашена почнува панично да бега, паѓа на земјата и бара помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

На видеото може да се забележи дека двајца мажи притрчуваат да ѝ помогнат на жената околу која беа насобрани кучињата.

Сè уште нема информации дали жената била повредена во нападот.

Можете да прочитате

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ

Прво роденнден на партијата, па владина реконструкција, најави Мицкоски

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат