Утрински Весник
Економија

Битиќи: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија

Битиќи: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се зборуваше за прашањето за недостаток на работна сила на пазарот на труд во Северна Македонија, ситуација која не го заобиколува ниту сегментот на ИКТ индустријата, поради што од страна на претставниците на МАСИТ беше нагласена потребата од либерализација на пазарот на труд.

„Се соочуваме со структурни промени кои бараат прилагодување на вештините на граѓаните на потребите на пазарот на труд, само на тој начин може да се гради економија која ќе ги следи дигиталните можности кои се поставуваат пред неа и на тој начин да расте. Развојот на дигитални вештини кај економски активното население претставува добра основа за понатамошниот раст на ИКТ индустрија, но дополнителни развојни потенцијали ќе се добијат и со либерализацијата на пазарот на труд“, рече Битиќи.

Битиќи беше запознаен со повеќе иницијативи и процеси на неформално образование кои се спроведуваат од страна ИКТ секторот во земјава, а кои се ставени во функција во кратки временски периоди да извршат преквалификување на работници согласно потребите на оваа растечка индустрија.

Битиќи истакна дека дијалогот со претставниците на стопанските комори е важен во отворањето на теми кои се од суштинско значење за општеството.

„Мора заеднички да дојдеме до подобра позиција на домашните компании во процесите на дигитализација, во рамки на јавно-приватниот дијалог“, истакна тој.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Илија Господинов истакна дека со воспоставената комуникација преку Комисијата за јавно-приватен дијалог се добива висока вредност за сите чинители во овој процес за надминување на тешкотиите и предизвиците со кои соочуваат компаниите од ИКТ индустријата.

„На пат сме да го пронајдеме вистинскиот начин кој ќе даде резултат, преку повисоко ниво на формална комуникација и оперативни чекори ќе дојдеме до подобар дијалог и интеракција помеѓу коморите и Владата“, рече Господинов, притоа нагласувајќи ја потребата од олеснување и унапредување на административните процедури во делот на ангажирање на работна сила во ИКТ индустријата.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст