Утрински Весник
Македонија

Државната матура ќе доцни сосе резултатите: Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа

Државната матура ќе доцни сосе резултатите: Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа

Неуспешни се преговорите за покачување на платите на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), а штрајкот продолжува. Тие посочуваат дека веќе е неизводливо да се реализираат државните матури согласно датумите, а тоа ќе значи пролонгирање и на времето во кое ќе се објават и резултатите. Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ посочува дека пролонгирањето нема да биде подолго.

dobivaj vesti na viber

„Имавме два неуспешни состаноци. Последниот беше со министерот за образование, во присуство на лице од Министерството за финансии. На тој состанок не добивме ништо ново. Предлогот на Министерството за финансии е покачување од околу 1000 денари и дека тоа се нивните црвени линии. Некои 300.000 денари од нашиот буџет се резервирани за платите на функционерите. Од таа причина, бидејќи истекоа роковите, пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат датумите од календарот за државна матура. 27 мај е воопшто неизводлив. Бараме промена на датумите за државна матура. Тоа значи и пролонгирање на резултатите. Бараме министерот да види кои се опции за државна матура“, вели Бошковска.

Таа посочува дека има вработени кои продолжиле со извршување со своите задачи наместо да штрајкуваат, но поголемиот дел, и натаму не работат се до покачување на нивните плати.

„Се надевам дека нема ова пролонгирање да биде подолго. Има несогласувања, но се уште сме здружени. Поголем дел од вработените се се уште во штрајк. Спремни сме да работиме деноноќно, за да ги реализираме активностите за државна матура, но во прашање се веќе минути, а не денови. До петокот, ако прекинеше штрајкот, беше возможно да се реализира. Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа“, додава таа.

Штрајкот на Државниот испитен центар влегува во трета недела. Тие на 24 април известија дека почнуваат штрајк оти 11 од вкупно 29 вработени кои се на различни позиции се изедначени и земат минимална плата од 20.000 денари. Синдикалната организација на Државниот испитен центар најави дека ќе штрајкуваат се додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче