Утрински Весник
Македонија

Весна Петрушевска и децата-актери им оддадоа почит на загинатите другарчиња во Белград: Во каков свет растат нашите деца?

Весна Петрушевска и децата-актери им оддадоа почит на загинатите другарчиња во Белград: Во каков свет растат нашите деца?

Малите актери од Актерската школа на актерката Весна Петрушевска денес им оддадоа почит на трагично загинатите деца од Белград, на нивните другари ученици на училиштето „Владислав Рибникар“, кои ги загубија животите во безумен напад од нивниот школски другар.

dobivaj vesti na viber

Тие оставија цвеќе, свеќи и пораки пред Амбасадата на Република Србија во Скопје.

Петрушевска и нејзините мали актери, апелираа за заштита на децата, а Петрушевска на нејзиниот Фејсбук профил вели дека е згрозена и потресена од настанот во Белград и дека ова зло никогаш и никаде не смее да се повтори.

– Во мојот живот сум видела насилни деца и жртви на насилници. Одете на третиот кат на психијатриска клиника! Одете и видете, не е далеку од вас! Родителите го сакаат најдоброто за своите деца, не се сомневам во тоа, но не ги гледаат, не се сведоци на нивните падови и трауми. Што мислите, колкав гнев имаше Коста? Веројатно неизмерно многу, вели Петрушевска.

Таа додава дека со причина постојано зборува за менталното здравје и за заканата од врсничко насилство, а се осврнува и на негативното влијание што го трпат децата од „еродираниот образовен систем, одвратни реални шоуа, насилни игри, а социјалните мрежи се користат на сосема погрешен начин“.

Во каков свет растат нашите деца – се запраша познатата македонска актерка Весна Петрушевска, реагирајќи на веста за трагедијата што ги зацрни Белград, Србија и целиот регион.

 

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка