Утрински Весник
Свет

Човек во БиХ најави масакр како во Белград, а полицијата два пати го приведувала и ослободувала

Човек во БиХ најави масакр како во Белград, а полицијата два пати го приведувала и ослободувала
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Маж од Бановиќи поради заканите што ги упатувал два пати бил приведен на распит во полиција. Прво упатувал закани кон сопругата и децата, а потоа и јавно на социјалните мрежи, јавува Н1.

dobivaj vesti na viber

„Ш.С. синоќа сам се пријавил во полициска станица дека ќе ги нападне сопругата и децата, кога ќе му се укаже прилика, а тие во меѓувреме тој ден го напуштиле и си заминале од дома. Тој е лишен од слобода за сторено нарушување на јавниот ред и мир. Откако е приведен во ПС Бановиќи било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Во таа прилика го нарушил јавниот ред и мир, со груби навреди кон полициските службеници и со особено дрско однесување. За се е известен дежурниот обвинител Т.К и во врска со наредба на обвинител е задржан во просториите до отрезнување“, изјави Аднана Спречиќ, портпарол на Управата за полиција на МВР на Т.К. изјави Н1.

Тој додава дека по отрезнување бил пуштен од службените простории. После тоа на социјалните мрежи е забележана снимка за која повторно била известена обвинителката.

„Повторно е сослушан како осомничен и наредено е да се документира кривичното дело загрозување на сигурноста. Но, тој не е лишен од слобода поради основано сомнение, туку наредени се дополнителни проверки, а во наредниот период, согласно договорот со обвинителот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Спречиќ.

Во видеото објавено на социјалните мрежи тој вели: „Ќе има поголема трагедија отколку што беше во Србија“.

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“