Утрински Весник
Спорт

(Видео) Кремонезе го фати последниот воз во борбата за опстанок

(Видео) Кремонезе го фати последниот воз во борбата за опстанок
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Кремонезе не се предаваат, со победата над Специја, ги задржаа надежите за опстанок во Серија А. Против директниот конкурент, Кремонезе победи со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Кремонезе по оваа победа на претпоследното 19. место имаат 24 бода, што е три помалку од Специја, која е прва во безбедната зона. Верона има 27 бода, исто колку и Специја, па утре може да оди над цртата доколку не загуби во Лече.

Триумф и надеж за Кремонезе донесоа Чофани во 41. минута и Васкез во 77. минута.

На овој начин, тимот од Кремона го материјализираше бодот што го освои во минатото коло кај Милан.

Остануваат уште четири кола, па Кремонезе и Специја ги чека голема борба.

Двата тима имаат тежок распоред. Кремонезе игра против Јувентус и Лацио, а Специја против Милан и Рома.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk