Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер го победи Вардар 1961, два натпревари го делат од шампионската титула

Еурофарм Пелистер го победи Вардар 1961, два натпревари го делат од шампионската титула

Еурофарм Пелистер ја забележа клучната победа на патот кон шампионската титула, која во Битола се чека од 2005 година. Пелистерци во дербито на колото го победија Вардар 1961 26:23 (13:12). На две кола до крајот на сезоната Еурофарм Пелистер има два бода повеќе од се уште актуелниот шампион.

dobivaj vesti na viber

Пелистерци, по почетното испитување на силите, ја презедоа контролата врз натпреварот. Играа добро во одбраната, Лесјак беше сигурен на голот, ја користеа предноста кога имаа играч повеќе и во 13.минута стигнаа до највисоката предност 13:8.

Вардар се мачеше во нападот, најчесто избраниците на Недановски бираа лоши решенија, но во финишот на првиот дел успеаја да ја истопат предноста на Еурофарм Пелистер.

Инцијатори беа поранешните репрезентативци голманот Ристовски со две одбрани и Манасков со три гола.

На полувреме Еурофарм Пелистер имаше само гол предност (13:12).

Моментумот од првиот дел Вардар го пренесе и во вториот, повторно благодарение на Ристовски и Манасков.

До 39.минута резултатот беше израмнет, кога битолскиот тим повторно успеа да се одлепи на четири гола разлика (21:17). Следуваа празни минути во играта на Еурофарм Пелистер кои Вардар не успеа да ги искористи.

Црвено-црните успеаја да се доближат до 23:21.

Клучната секвенца ја имаше десното крило на Еурофарм Пелистер, Костески, кој во 20 секунди постигна два гола и ја врати максималната предност од пет гола (26:21).

Лесјак со девет интервенции, односно Хосни и Костески со по шест гола го предводеа Еурофарм Пелистер.

Манасков и Талески со по шест гола беа најефикасни кај Вардар, Ристовски имаше осум одбрани.

Фото/facebook.com/rkvardar

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари