Утрински Весник
Спорт

Сабаленка го освои Мастерсот во Мадрид

Сабаленка го освои Мастерсот во Мадрид

Арина Сабаленка ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Тенисерката од Белорусија во финалето ја победи светската број 1, Ига Швјонтег со 6:3, 3:6, 6:3. Финалето на ценнтралниот терен траеше речиси два и пол часа.

dobivaj vesti na viber

Арина Сабаленка, актуелната шампионка на Австралија опен, стигна до својот трет трофеј сезонава, 13. во кариерата. Таа успеа да и се реваншира на Швјонтек за поразот во финалето на турнирот во Штутгарт.

Првите брејк топки, Сабаленка ги имаше во пестиот гем, не искористи три, но не згреши во осумиот гем кога поведе со 5:3. Потоа беше сигурна на сервисот и поведе со 1:0.

Швјонтек направи брејк во раната фаза во вториот сет, поведе со 2:0, но Сабаленка возврати со ри-брејк во петиот гем.

Потоа пропушти брејк топка во седмиот гем, казната ја стигна во деветтиот кога Швјонтек израмни на 1:1.

Сабаленка водеше во решавачкиот сет со 3:0, Швјонтек овојпат се врати на 3:3, но клучниот брејк Сабаленка го направи во осмиот гем.

Во следниот спаси брејк топка, пропушти три меч топки, но не и четврта – за конечен триумф во Мадрид.

Можете да прочитате

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата