Утрински Весник
Свет

(Видео) За време на церемонијата на крунисување на Чарлс Трети уапсени 52 лица

(Видео+галерија) Наскоро ќе започне крунисувањето: Протест против монархијата во Лондон, има и апсења

Британската полиција денеска уапси 52 лица за време на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети.

dobivaj vesti na viber

Тие, наводно, биле приведени за повеќе кривични дела, вклучително и поттикнување конфликт и нарушување на јавниот ред и мир и се задржани во притвор, јавува Би-би-си.

Демонстрантите и групите за човекови права ја критикуваа полицијата за апсењето на демонстрантите против монархијата, а Хјуман рајтс воч го опишува апсењето како „нешто што би очекувале да го видите во Москва, а не во Лондон“.

Стотици демонстранти облечени во жолто се собраа меѓу граѓаните на патеката на поворката во центарот на Лондон и држаа натписи на кои пишуваше „Не е мојот крал“.

Антимонархистичката група „Република“ објави дека нејзиниот водач Греам Смит бил приведен пред поаѓањето на поворката и дека на социјалните мрежи кружеле фотографии на кои се гледа како полицајци им одземаат транспаренти на демонстрантите.

Командантот на лондонската полиција Карен Финдлеј рече дека апсолутно ја разбира загриженоста на јавноста по апсењето.


Таа додаде дека полицијата започнала голема операција во претходните 24 часа откако добила информација дека демонстрантите се решени да го нарушат крунисувањето.

„Република“ вети дека ќе го организира најголемиот протест против британски монарх во модерната историја, при што демонстрантите свиреа додека кралот Чарлс и кралицата Камила одеа кон Вестминстерската опатија, а службата беше јавно емитувана на големи звучници.

Протести се одржаа во Глазгов, Шкотска и во Кардиф, Велс, а учесниците држеа натписи „Укинете ја монархијата, нахранете ги луѓето“.

На социјалните мрежи, многумина ја споредија кризата со трошоците за живот во Британија со раскошот и величественоста на крунисувањето.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години