Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина обвинува: Русија употреби фосфорни бомби во Бахмут

(Видео) Украина обвинува: Русија употреби фосфорни бомби во Бахмут

Украина денеска ја обвини Русија дека го нападнала опколениот град Бахмут со фосфорна муниција.

dobivaj vesti na viber

На снимките од беспилотни летала објавени од украинската војска, Бахмут може да се види како гори додека на градот паѓа бел фосфор, објави Би-Би-Си.

Оружјето со бел фосфор не е забрането со меѓународното право, но нивната употреба во цивилни области е забранета со Женевската конвенција.

Украинското Министерство за одбрана на Твитер објави дека нападот бил насочен кон „неокупираните области на Бахмут“ и бил извршен со „запалива муниција“.

Сè уште не е познато кога се случил нападот, но на снимката објавена од Украина, најверојатно направена од дрон за набљудување, се гледаат високи згради зафатени од пламен.

Други видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат пожари кои беснеат на земјата и бели облаци го осветлуваат ноќното небо.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија