Утрински Весник
Спорт

Тутомеркато: Половина Европа сака да го купи Елмас

Тутомеркато: Половина Европа сака да го купи Елмас

Наполи по пауза од 33 години успеа да ја освои шампионската титула во Серија А, а во тимот на Лучијано Спалети сериозна улога имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој е вториот Македонец кој успеал да освои „скудето“, по Горан Пандев со Интер.

dobivaj vesti na viber

Медиумите на Апенините ја анализираат сезоната на Наполи, а значаен дел од успехот му припишуваат токму на Елмас. Тој, според „Тутомеркатовеб“, е клучниот „џокер“ на Лучијано Спалети.

„Македонецот е џокер на Спалети, зашто го гледавме како фудбалер за врска, како офанзивен фудбалер за врска, како крило, еднаш и како класичен центарфор… И секојпат тој успеваше да ги надмине очекувањата, посебно во континуитетот на настапите. Неговата последна асистенција за голот на Распадори против Јувентус ја покажа сета негова разновидност и неговата вистинска вредност. Елмас заслужи постојано да игра, а летово пред него ќе биде многу важно, зашто сѐ повеќе ќе добива на важност во тимот. Природно би било да го преземе местото на Зиелински, како наследник на Полјакот, но од друга страна има најави дека половина Европа и најголемите во Серија А ќе сакаат да го земат Елмас. Елјиф отсекогаш велел дека сака да игра за Наполи“, пишува италијанскиот „Тутомеркатовеб“.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија