Утрински Весник
Македонија

Состојбата на патиштата редовна, внимателно на места каде се работи на пат

Состојбата на патиштата редовна, внимателно на места каде се работи на пат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

Градежни активности се одвиваат на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, поради што патниот правец е целосно затворен преку автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Работи на пат има и на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром и на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино. Тука ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80km/h во зоната на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април