Утрински Весник
Македонија

Владата ги спреми измените на законите за автопатите, ги испраќа во Собрание

Владата ги спреми измените на законите за автопатите, ги испраќа во Собрание

Владата на Република Македонија на денешната седница разгледа и утврди и предлог измени и дополнувања на неколку закони, коишто велат дека се однесуваат на овозможување ефикасна и квалитетна реализација на коридорите 8 и 10 д, како градби од стратешки интерес, а коишто ќе бидат доставени на усвојување од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Владата на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Со предлозите за измена и дополнување, според посоченото од Министерството за финансии, се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги којшто е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон инвеститор за цели на проектот од овој закон. Разгледан е и утврден е и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација.

Со предложените решенија, како што е објаснето од Министерството за финансии, се овозможува поефикасна примена на Законот за експропријација, а за реализација на градби коишто се од стратешки интерес за државата.

Владата, како што е посочено, ја промовира регионалната соработка со ставање главен акцент и меѓународната димензија на сите видови транспорт, преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура, заедно со проширување на Основната и сеопфатната мрежа ТЕН-Т. Посветена е на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на делови што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, дел од основната мрежа на европските транспортни коридори.

Односно, транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија, што е стратешка определба, усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030.

Владата го разгледа и утврди текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Со предложениот текст, како што е образложено од Министерството за транспорт и врски, се овозможува нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката на донесување и спроведување на тој урбанистички проект.

Разгледан и утврден е и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за градење.

Со измените и дополнувањата на овој закон, според образложението од Министерството за транспорт и врски, се утврдуваат посебен вид на градби, градби од стратешки интерес и тоа: државни патишта како градби чијашто изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, како и на железнички пруги и магистрални гасоводи, енергетски градби како и други инфраструктурни градби – утврдени како градби од јавен интерес, од национална важност, со посебен закон или одлука на Владата. Изградбата на градбите од стратешки интерес е предвидено да се врши врз основа на урбанистички проект за градби од стратешки интерес, одобрен согласно Законот за урбанистичко планирање“, велат од Владата..

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели